Актерката ужива во разголено издание и не се срами да покаже премногу, а момчето не се одвојува од нејзе

Бела Торн додека плови во луксузната јахта во Мексико, била фотографирана како се сонча во минијатурно бикини, а со неа ужива и нејзиното момче Бенџамин Масколо.

Американската актерка и режисерка, 22-годишната Бела Торн никогаш немала проблеми со споделувањето на своите различни изданија, па поради тоа не ѝ пречеле ни папарацо фотографите кои што ја фотографирале додека ужива на одморот со своето момче.

Бела ужива на одмор со своето момче Бенџамин, со кое што плови со луксузна јахта на крајбрежјето на Caba San Luacasa.

Со фотографиите од својот одмор се пофалиле на социјалните мрежи.

Инаку, Бела и Бенџамин неодамна повторно се сретнале по пет месеци одвоеност поради пандемијата коронавирус, па сега секој можен момент го користат за да го поминат заедно.

 

„Повторно заедно по пет месеци, чувството е убаво“ - напишала Бела на Инстаграм покрај фотографијата која што ја објавила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега