Актерката Сиена Милер се породи и го доби своето трето дете на 45-годишна возраст. Таа претходно отворено говореше за мајчинството и за тоа дека бременоста во четириесеттите е „најдобрата работа“, бидејќи носи многу повеќе искуство во споредба со периодот кога за првпат станала мајка.

-Едноставно се случи. Имам мало бебе покрај себе. Во моментов се адаптирам на петчленото семејство, што за мене претставува голем предизвик. Малку ми е тешко да составувам реченици … Многу малку спијам, но лудо сум заљубена во своето бебе, изјави Милер. .

Првото мајчинство на Сиена Милер беше на 29 години, кога со поранешниот партнер, актерот Том Стариџ, ја добија ќерката Марлоу. Во 2023 година, таа вторпат стана мајка, добивајќи ќерка со својот сегашен партнер Оли Грин.

Exit mobile version