Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нова бомба, нов скандал, кој уште еднаш го разобличува криминалниот модел на власта на Мицкоски и ДПМНЕ, велат од СДСМ.

„Видовме како се пумпаат 9 милиони евра, пари на граѓаните преку блиски луѓе и посредници. Видовме како се краде народот преку наместени тендери. Ама за старата банда не се доволни посредници од надвор, таа е гладна, ненаситна, бизнисот мора да го тераат лично и од дома, од фамилијата. Денеска објавуваме нов скандал, нова бомба! За тоа кој и како „чисти“?“ рече Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес конференција на СДСМ.

Сите патишта водат до Ивица Томовски, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата.


„Не чисти СОЗР – чисти семејната фирма на Томовски. ‘Чистењето’ се мери во милиони евра!“ потенцираше Димитријевиќ.

Според објавените податоци, семејната фирма на Томовски, која го менувала името, но не и матичниот број, од институции и општини добила вкупно:

-5.360.000 евра

-161 тендер

Само со доаѓањето на ДПМНЕ на власт, фирмата ја зголемила својата дејност за 306%, а само годинава земала нови 10 тендери од речиси половина милион евра.

„Случајно, им тргнало чистењето на буџетот. За што е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата мислам дека на народот му е кристално јасно после ова. Важно фамилијарните бизниси течат. “ рече Димитријевиќ.

Exit mobile version