Ако најдете крст на улица никако немојте да го земете: Лоши работи може да ви се случат

Луѓето во брзање или невнимание губат разни предмети, кои летаат по улица, токму пред нозете на случајни минувачи.

Во зависност од тоа што се случило со некого, луѓето имаат навика да ги земат тие работи од улица и да ги носат дома, да ги продаваат, да ги складираат… Сепак, постојат работи кои никогаш не треба да ги земате од улица!

Рачен часовник
Не треба да се зема бидејќи се верува дека рачниот часовник со себе носи се што носи сопственикот. Но, со часовникот нема да привлекувате таленти и добра финансиска состојба, туку само маките што ги имал сопственикот. Најопасните работи ги носат часовниците што престанале.

Чешел
Најпрво не се зима од улица од хигиенски причини. Друга причина е, повторно, интимната врска со сопственикот. Кога со чешел ќе поминете низ туѓа коса, се верува дека ги преземате сите проблеми и лоши мисли кои поминале низ главата на вистинскиот сопственик. Патем, чешлите се сметаат за еден од најчесто користените предмети во црната магија.

Огледала
Генерално се смета за еден од мистичните предмети – ако го скршите, си зимате 7 години живот. Велат дека не треба ни да се гледате во испукано или скршено огледало. Со туѓите, работите ќе се влошат.

Клучеви
Не е важно дали е само клуч или повеќе клучеви. Како прво, не ви се потребни за ништо, а второ, тие се исто така еден од предметите кои често се користат во црната магија, за да се поврзете со куќата. Затоа никогаш не треба да внесувате туѓ клуч во вашиот дом.

Крст
Преку изгубениот крст го преземате и крстот на судбината на личноста која го изгубила.

Златен накит
Првата мисла на луѓето кои наоѓаат златен накит на улица е да го продадат. Меѓутоа, кога станува збор за обетки, прстени, ѓердани или нараквици кои човек ги носи долго време, тие ја наталожиле сета негативност и сите лоши работи кои човекот ги доживеал во животот. Наместо инстант пари, ќе ги преземете сите несреќи на вистинскиот сопственик.

Монети
На улиците често може да се видат изгубени монети. Иако луѓето често го сметаат за знак на среќа и поради тоа ги земаат, металот всушност ја впива негативноста, па со изгубена паричка може да земете нешто многу потешко од „знак за прилив на пари“.

14.11.2022 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега