Ако Бугарија не ги промени позициите, нема оптимизам за почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Ако нема промена во позицијата на Бугарија во однос на решавањето на спорот со Македонија, не би требало да бидеме оптимисти дека ќе ги започнеме преговорите со ЕУ до крајот на оваа година, па дури и во текот на наредната година, рече поранешниот вицепремиер за европски прашања, Васко Наумовски во вечерашната дебата на „360 степени“.

Вели дека дури и Бугарија да добие нова влада по парламентарните избори во јули, тешко е дека нивните тврди позиции ќе бидат променети.

Наумовски рече дека особено тешко би се менувале позициите, бидејќи сите политички партии во Бугарија се усогласија во нивниот став кон македонското прашање со изгласувањето на декларацијата парламентот.

Без голем оптимизам за започнување на преговорите на Македонија со ЕУ во текот на оваа година е и истражувачот на евроинтегративните процеси, Љупчо Петковски.

-И во најдобар случај да има влада во Бугарија кон средина на летото ќе биде потребно некое време, да се промешаат картите, да се научи спорот, да се седне на мас. Но, од друга страна е добро што ќе има нова влада, бидејќи такви спорот се решаваат на почеток на мандат без да има штета и би било добро да не влезат тврдите националисти, како што не влегоа на претходните избори. Знаеме дека огромен дел од проблемот тие го катализираа, вели Петковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега