Вчера околу 08:35 часот, на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.В.С.(38) од Германија.

При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version