Вчера во периодот од 11:00 до 13:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на возачи кои вршат јавен превоз на патници без лиценца. При контрола на патничко возило ,,форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.И.(67) од с.Камењане, тетовско, на ул.„Илинденска“ во Тетово, констатирано е дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
Исто така, на ул.„Маршал Тито“ во Тетово затекнати се пет возачи вршеле јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган. Констатирано е дека Х.К.(48) од Тетово управувал патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки вршел јавен превоз без лиценца, како и Е.М.(49) од Тетово кој управувал патничко возило ,фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблички, Б.Р.(71) од с.Брвеница, тетовско, кој управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистерски ознаки, А.Д.(22) од с.Фалише, тетовско, кој управувал патничко возило ,,мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки и Ф.Б.(51) од с.Џепчиште, тетовско, кој управувал патничко возило ,,голф“ со тетовски регистерски ознаки.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни пријави член 284-а од Кривичниот законик.
Актуелно
- Поранешна македонска ракометарка е професорката фатена во криминал со издавање лични документи
- Кривична против двајца млади скопјани – со тврд и остар предмет нападнале маж
- За овие три хороскопски знаци не постои „не можам“
- Европската Унија го проблематизира адиктивниот дизајн на ТikTok
- Карпошани ќе добијат Младински и ресурсен центар
- Норвешка одвојува 86,4 милиони евра за фондот за поддршка на енергетиката на Украина
- Посета во Вашингтон: Фокус на регионалната интеграција итрансатлантското партнерство
- Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

