Close Menu
Press24
    Најново

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Акција и на Бистрица: На непристапен терен се заглавиле тројца планинари

    Акција и на Бистрица: На непристапен терен се заглавиле тројца планинари

    12.07.2026 во 11:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тројца планинари синоќа успешно биле извлечени од планината Бистрица. Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во 18:46 часот, во Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово била примена пријава од лице кое побарало помош за извлекување од планината Бистрица, поради заглавеност на непристапен и тежок терен.

    Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), според добиените информации, станувало збор за група од тројца планинари, при што едно од лицата за време на движењето почувствувало посериозни здравствени тегоби – болки во градите, отежнато дишење и отежнато движење. Лицата не биле повредени, но поради здравствената состојба и непристапноста на теренот било потребно итно организирање на спасувачка акција. До нивната локација не постоела можност за пристап со теренско моторно возило, туку било потребно пешачење од најмалку три до четири часа.

    Веднаш по приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи, преку РЦУК Тетово, воспостави координација со СВР Тетово, Итната медицинска помош, Дирекцијата за заштита и спасување – Тетово и Националниот парк „Шар Планина“, со цел организирање на безбедна евакуација на лицата.

    Во акцијата беше вклучен и алпинист-спасител, член на Тимот за брза интервенција и спасување во планина, кој веднаш се упати кон пријавената локација. Во текот на целата акција, ЦУК преку РЦУК Тетово одржуваше континуирана комуникација со пријавителите и ја координираше работата на сите надлежни институции, согласно Стандардните оперативни процедури за спасување лица во животозагрозувачка состојба.

    По пристигнувањето на алпинистот-спасител до групата, во консултација со тимот на Итната медицинска помош беше извршена проценка на здравствената состојба на лицето. Констатирано беше дека, со придружба на спасителот, може безбедно да се движи до пристапна локација.

    На безбедната точка планинарите беа пречекани од полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, по што беа транспортирани до Клиничката болница во Тетово за понатамошен лекарски преглед.

    Подоцна, Полициската станица Теарце извести дека лицата безбедно пристигнале во селото Лешок, каде што екипа на Итната медицинска помош му укажала прва помош на лицето поради чии здравствени тегоби беше организирана акцијата. По извршените лекарски прегледи беше констатирано дека лицата не се здобиле со повреди и, по укажаната медицинска помош, беа пуштени на домашно лекување

    Прочитај повеќе

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.