АХВ во вонредни контроли во кујните на училишта во Скопје: Една кујна не е регистрирана

 


При минатонеделните спроведени вонредни надзори во 36 училишни кујни во основни и специјални училишта на територија на град Скопје, инспециските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најдоа само една кујна која не е регистрирана во АХВ. За утврдената недоследност, изречена е прекршочна санкција и наредено е итно регистрирање, соопшти АХВ.

„Со контролите, утврдени се недостатоци во поглед на неозначена и неселектирана храна, како и оштетени работни површини во 4 училишта, за што се издадени решенија со мерки за отстранување на недостатоците. Во рамки на контролите, земени се примероци од храна и брисеви за микробиолошка анализа. Од земените примероци храна, по извршените лабораториски тестирања, утврдено е дека сите задоволуваат во однос на микробиолошките критериуми. Од земените брисеви само во едно училиште лабораториските тестирања детектираа незадоволителни резултати, за што од страна на инсопекциските служби на АХВ издадено е решение со мерки.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување на вонредни инспекциски контроли кај операторите со храна на територијата на цела држава, со акцент контролите во кујните во училиштата и установите каде се згрижуваат граѓани од ранливите категории, каде контролите ќе се спроведуваат континуирано“, стои во соопштението на АХВ.

01.12.2024 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега