Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие нелегалната трговија.
Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на АХВ на терен детално проверуваат дали операторите ги исполнуваат сите општи и посебни услови за безбедност на храната. Во однос на боите за јајца и јајцата, покрај условите за чување и складирање и означувањето, акцент ќе биде ставен и на контролите при увоз, при што на местото на истовар, на физички преглед ќе подлежи секоја увозна пратка.
Со засилен надзор се опфатени маркети, угостителски објекти, специјализирани продавници за јајца, производители и трговци со бои за јајца и нивните увозници, како и месарници и зелените пазари. Со овие активности, АХВ превентивно делува и обезбедува граѓаните да имаат сигурен пристап до безбедни и квалитетни производи за празничната трпеза. Како одговорна институција, апелираме до граѓаните да бидат внимателни и одговорни потрошувачи и храната да ја купуваат исклучиво од одобрени и регистрирани оператори кои се под контрола на Агенцијата.
- Нови морничави сведочења: Ја турнал Ивана по скали среде Клиника, а 6-годишната ќерка ја оставил гладна за да оди на вежбање
- Тошковски потпиша договори за нови полициски станици во Кисела Вода и Илинден
- Добри вести за возачите: Горивата поевтинуваат
- Села: Владата го „кочи“ Коридорот 8
- ЈКП Водовод Битола со едукативна презентација за Денот на водите – Учениците имаа можност да се запознаат со процесот на водоснабдување
- Гостиварец со „БМВ“ возел во спротивна насока на автопат – полицијата го уапси
- Среќен крај на потрагата на исчезнатото девојче: Полицијата среде ноќ ја пронајде 16-годишната скопјанка во стан во Гостивар
- Славески предупредува: Геополитичките шокови го демнат денарот – Народната банка е во состојба на будност


