Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантираше информациите кои се проширија во јавноста дека водата од водоснабдителниот систем во Скопје е небезбедна за пиење поради наводно присуство на бактеријата Escherichia coli.
Од институцијата соопштија дека до овој момент немаат добиено известување за позитивни или незадоволителни лабораториски резултати од градскиот водовод.
„Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, што е нивна законска обврска, врз основа на кое би била донесена и забрана за нејзина употреба. Граѓаните не треба да стравуваат. Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба“, се наведува во соопштението од АХВ.
Поради тоа, од АХВ апелираат до граѓаните да немаат страв и потврдуваат дека водата од скопскиот водовод е целосно исправна за пиење и употреба.


