По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна.
„Според првичните информации, 5 лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек. Земенени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба на
инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулатти од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност“, соопштија од АХВ.
Актуелно
- Пукање во Будва: едно лице загина, градот под засилени безбедносни мерки
- Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава
- Рации во 21 провинција: Турските власти уапсија 357 лица
- ФОТО: Град Скопје го објави списокот со изведувачи – позната агендата за утрешната прослава на Плотад Македонија
- Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор
- Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин
- Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш
- Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница

