По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна.
„Според првичните информации, 5 лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек. Земенени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба на
инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулатти од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност“, соопштија од АХВ.
- Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
- Никогаш подлабоко деколте: Ева Лонгорија блесна како божица во фустан кој ги истакна сите нејзини атрибути
- САД ја прекласифицираа марихуаната како помалку опасна дрога
- Активирана против-воздушна одбрана во Техеран
- Зголемување на капацитетите на МВР за спроведување на воздушни операции
- Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
- Истрага за проневера во службата во ФФМ
- Филипче на Х: Мицкоски отворено ја застапува тезата неговите министри да може да имаат бугарски пасоши



