По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна.
„Според првичните информации, 5 лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек. Земенени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба на
инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулатти од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност“, соопштија од АХВ.
Актуелно
- Утрово минусни температури во Македонија – облекувајте се топло
- Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион
- Овие чаеви ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден
- Драма на патиштата: Две возила му го попречиле патот, излегле од возилата – се испотепале меѓу себе
- Нејмар успешно опериран
- ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци
- Ахмети: Јас ја уништив Југославија
- Експлодираше фабрика во Франција: Тројца повредени

