Ахмети: Заедно сме посилни, разговарам со лидерите на сите партии на Албанците

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по вчерашните избори. Текстуалната порака до јавноста е придружена со фотографија – моментот од декември 2016 година кога на средба во Тирана со помош на премиерот на Албанија Еди Рама, беше донесена платформата на политичките партии на Албанците во Македонија. На документот, кој беше објавен во јавноста на Божиќ, 7 јануари 2017 година, се потпишаа ДУИ, коалицијата Преродба со БЕСА и Алијансата за Албанците.

Во текстот до јавноста Ахмети се заблагодарува на гласачите, на честитките од сите страни а вели и дека разговарал или ќе разговара и со лидерите на сите политичките партии на Албанците. Пораката завршува со зборовите – Заедно сме посилни.

„Драги пријатели, ви благодарам за вашата голема поддршка и за развојот на досега примерниот изборен процес.

Денес добив илјадници благослови од сите наши (албански н.з.) краишта, за кои сум многу благодарен.

Исто така, денес имав телефонски разговор со претседателот на ДПА, г. Мендух Тачи, и претседателот на Движењето БЕСА, г. Билал Касами, додека ќе остварам разговори и со претседателите на другите албански партии, г. Гаши, г. Села и г. Мемеди и заеднички ќе го процениме резултатот од изборите и ќе размениме мислења“ Заедно сме посилни“,напиша Али Ахмети на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега