Ахмети за „Монструм“: Што се однесува до нас, ќе сториме сѐ што можеме

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера по состанокот на Централното раководство на ДУИ го коментираше и вчерашниот протест за случајот „Монструм“, за кој рече дека луѓето биле искористени за политички цели.

„Најдоброто нешто е да не ги злоупотребуваме овие луѓе, да не ги злоупотребуваме луѓето кои се во тешка состојба. Отсекогаш сме биле во контакт со луѓе кои имале проблеми и се обидувавме да им овозможиме контакт со сите меѓународни институции. За сите овие прашања побаравме меѓународна експертиза, директен меѓународен мониторинг. Побаравме меѓународна истрага за прашањето за вчерашните протести до странски експерти на оваа област, каде добивме позитивен одговор од нашите американски пријатели, како и од Европската Унија. Постојат и повисоки инстанции каде за ова прашање може да се поднесе жалба и што се однесува до нас, ќе сториме се што можеме “, рече Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега