Ахмети со совети за Мицкоски: Како лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да биде многу поактивен за државните интереси

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ21 ги коментираше состојбите во опозициската ВМРО-ДПМНЕ и даваше совети за лидерот на партијата.

На прашање како ја оценува работата на Мицкски, Ахмети вели дека не сака многу да зборува за тоа бидејќи може погрешно да биде сфатен.

-Бидејќи лошо ме сфаќаат. Кај нас се вели ако некому „на здравје“ му викаш – „пукни“, ќе му се стори…, вели Ахмети

Сепак вели дека смета дека за државните интереси, Мицкоски како лидер на ВМРО ДПМНЕ треба да биде многу поактивен.

 

-Тој треба да биде активно вклучен да се реши отворениот спор со Бугарија. Мицкоски, исто така треба да биде поактивен во реформите во правосудството, треба да биде погласен и аргументиран кога објавува злоупотреби на службената положба на актуелни функционери на власта, треба да има сериозни факти и да ги достави до Обвинителство и во истражните органи, а не да држи прес-конференции без серозни аргументи. Не може да обвинува функционери на прес-конференции, нека приложи факти во Обвинителство, ако обвинителство не реагира тогаш нека ги информира медиумите, нека знае јавноста, вели Ахмети.

На прашање дали смета дека ВМРО-ДПМНЕ е реформирана за разлика од она ВМРО на Груевски, тој вели дека многу малку.

- Многу малку, немам чести средби со нив…“вели Ахмети.

 

07.06.2021 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега