Ахмети: Со самото членство во ЕУ го запираме иселувањето од нашата земја

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, вечерва пред жителите на тетовската општина Брвеница изјави дека самото членство во Европската унија ќе помогне да се запре процесот на иселување од државава.

„Излеговме за заедничкиот фронт за Европа, бидејќи денес е вистинскиот и одлучувачки момент, затоа го започнавме скринингот кој завршува во ноември и меѓувладината средба мора да продолжи за да започне полноправното членство на нашата земја во ЕУ. Со самото членството во ЕУ, ја запираме миграцијата од нашата земја и помагаме младите генерации да не нѐ напуштат. Имаме морална и национална обврска да ја запреме миграцијата, да ја обезбедиме иднината и да ги помириме луѓето. Да го оставиме минатото зад нас и да гледаме кон иднината за идните генерации да не се занимаваат со детали и пречки, да се потсетиме на крвта на оние кои се жртвуваа за оваа земја, па да се обединиме за ЕУ“, рече Ахмети.

Тој се осврна и на геополитичките процеси и на руското влијание во земјава и регионот.

„Кремљ е заинтересиран за поттикнување и активирање на конфликтни вулкани во нашиот регион, затоа мора да работиме за доброто на нашата земја, да изградиме проевропски фронт. Албанците и нивните сограѓани ја испратија државата во НАТО, па сега треба да ја испратиме и во ЕУ, но само со мудра и обединувачка политика. И покрај ризиците, ќе стигнеме до целта бидејќи никогаш не сме го изгубиле патот до некоја дестинација ако сме со добра намера“, рече Ахмети.

 

01.02.2023 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега