Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и за безбедноста, нашиот став е јасен и непоколеблив: целосна солидарност со Соединетите
Американски Држави и со секој напор за заштита на мирот, стабилноста и глобалната безбедност, стои во соопштението на ДУИ.
-Сојузот со САД не е само дипломатска ориентација, туку стратешка и вредносна определба. Наш избор е да стоиме на страната на демократијата, основните слободи, владеењето на правото и меѓународната одговорност. Нашата држава, а особено албанскиот народ, добро знае што значи американска поддршка во клучните моменти од историјата, и затоа и денес стоиме рамо до рамо со нашиот најголем стратешки партнер, велат од ДУИ.
Додаваат дека нападите и дестабилизирачките акции на Иран, кои ја загрозуваат безбедноста на земјите од Заливот и ја нарушуваат кревката архитектура на мирот на Блискиот Исток, не им служат на никого.
-Тие не ја поттикнуваат развојот, не ја унапредуваат соработката, ниту ги поддржуваат легитимните аспирации на народите за просперитет. Секој режим што избира конфронтација наместо соработка и извоз на кризи наместо дијалог, се става во спротивност со духот на нашето време.Веруваме дека безбедноста во Персискиот Залив и на Блискиот Исток е глобален интерес. Слободата на движење, енергетската стабилност, борбата против тероризмот и заштитата на меѓународниот поредок се заеднички одговорности. Во овој контекст, улогата на Соединетите Американски Држави останува незаменлива како гарант на рамнотежата и фактор на стабилност. Албанците недвосмислено го избраа западниот пат. Ние сме дел од сојузот на вредности, дел од евроатлантската заедница и активен придонесувач кон колективниот мир и безбедност. Нашата поддршка за САД е поддршка за побезбеден, поправеден и послободен свет, се вели во соопштението.

