Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска соопшти дека следниот протест за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК), на кои им се суди во Хаг, ќе се одржи во Скопје на 13 декември.

Протестот ќе започне во 13:00 часот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, прецизираше Ахмети.

„На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме и во Скопјe за да бараме правда и да покажеме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Планирано е протестот да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe“, појаснил лидерот на ДУИ.

Ахмети ги повика Албанците да се приклучат на овој протест, со цел да ја демонстрираат чистата борба за слобода и независност.

Лидерот на ДУИ претходно учествуваше на два големи протести што беа организирани во Приштина и Тирана како поддршка на поранешните водачи на ОВК.

Во Судот во Хаг им се суди на Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими за воени злосторствата извршени на Косово.

Exit mobile version