Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на која на дневен ред е Предлог-одлуката за именување директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Оваа институција, која има клучна улога во обезбедувањето транспарентност и демократија, не функционира од 25 декември минатата година, кога на тогашната директорка Пламенка Бојчева ѝ истече мандатот.
Агенцијата во моментов е без раководство, откако и заменик-директорот Бљерим Исени беше избран за советник во Советот на Општина Куманово на последните локални избори.
Во јануари годинава, собраниската Комисија за избори и именувања поништи оглас за избор на директор и заменик-директор, бидејќи на него се пријавиле само двајца кандидати кои не доставиле комплетна документација.

