Агатангел со карта од Обединета Македонија му возврати на Каракачанов
Владиката Митрополит Повардарски Агатангел во неговото гостување во „Што не е јасно“ со карта од „Обединета Македонија“ одговори на провокациите на бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов, кој празникот 8-ми март на жените им го честиташе објавувајќи карта од Санстефанска Бугарија во која влегува и Македонија.
– Бидејќи господинот Каракачанов ја покажа картата на Санстефанска Бугарија, јас ќе му ја покажам јас ќе му ја покажам картата на цела Македонија, нека видат и нашите млади поколенија колкава била нашата земја македонска и нека се гордеат со тоа, вели владиката Агатангел.
Тој истакна дека ние како Македонци треба да сме горди и не треба да се плашиме од никого, затоа што не сме украле од никого, ниту пак сме однеле некого во логори.
– Нон стоп напади и за црквата и за јазикот и за нацијата, тие се плашат од оваа мала картичка, а ако им ја покажеме целата карта, ова постои уште затоа што таму сеуште постојат Македонци, вели Агатангел.
Како Македонци ние многу пати се посрамотивме од промена на името, со договорите, Охридскиот договор, Преспанскиот договор, територијалната поделба, сега договорот со Бугарија, што не преживеавме само во овие десет години, а сеуште сме тука и опетојуваме, така и ќе биде, порача Владиката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа