Aгатангел: Левица пpвa yдpи пo цpквaтa, штo им сметa ѕвoнoтo кое двaпaти вo дeнoт биe

Митрополит Агатангел ја искритикува левичарската партија Левица, велејќи дека тие не се национална партија, зошто први удрија по црквата. Државата не може да опстои без црквата, а и црквата без државата, вели митрополитот во „Неделен брифинг”.

-Одма рипнаа против црквата. Нека ми простат Левица, но тие не се национална партија, тие први удрија против црквата. Тие се млади деца, што им смета црквата и ѕвоното. Не е убаво тоа, тие не се свесни дека црквата е столб на државата, дека државата не може да опстои без црквата, а и црквата без државата. Црквата е столбот, црквата е спасението на народот, тоа е бродот кој ќе не спаси. Сите имаат душа, нема човек кој не верува. Ние ја немаме осознаено верата, тоа е тука проблемот кај нас. Зошто ние во времето на комунизмот имавме подобри патриоти? Затоа што сите тие луѓе учеа веронаука. Нивните родители беа побожни, рече митрополит Агатангел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2021 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега