Африкански бран во Македонија – метеоролозите со детална анализа на времето за следните денови

Денеска, како и во следните денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса, која продира од северните предели на Африка, соопштува метеорологот Славо Поповски.

Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец, максималните дневни температури особено од утре ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.

УВ индексот ќе има висока вредност и ќе има коефициент измеѓу 9 и 10. Во петок како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло додека максималните дневни температури, особено од утре ќе се искачат и до околу 37, 38 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.07.2020 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега