Аеродром ја одбележа Европската недела на мобилност

 

Со велосипедско дефиле на кејот на Вардар и паркот „Авион“, стотици ученици и наставници заедно со вработените од Општина Аеродром и партнерски организации на општината, го одбележаа последниот ден од Европската недела на мобилност.

Изминатите денови, сите училишта и градинки на територијата на општината организираа и земаа учество во активностите чија примарна цел беше подигнувањето на свеста за користење алтернативни средства за превоз и зачувување на животната средина, но и промовирање здрави навики и физички активен живот кај младите.

Учениците учеа за сообраќајните правила и прописи што треба да се почитуваат кога се движат со велосипед или тротинет, за процесот на одржување и поправање на велосипедите, предностите кои овој вид на превоз ги нуди и низ интеракција и забавни полигони ја испратија пораката до пошироката јавност за потребата од водење здрав и активен живот.

23.09.2023 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега