Адвокатот на обвинетите во „Монструм“: Верувам дека има бомби и дека тајните служби знаат кои се убијците

Иако обвинителката Фатиме Фетаи е убедена дека обвинетите во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро се винови и побара доживотен затвор, нивниот адвокат Насер Рауфи верува оти тајните служби знаеле кои се вистинските убијци.

-Јас верувам, навистина верувам дека има бомби. Верувам и дека тајните служби знаеле и знаат кои се убијците и виновниците, мислам дека ќе дојде ден и ќе се знае кои се тие што се инволвирани во овој случај. Мислам дека тие бомби некој ги има но сигурно е и дека има и друг мотив зошто не се даваат, некој интерес кој ние како одбрана не можеме да ги знаеме, изјави Рауфи за ТВ 21.

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, пак, вчера не сакаше да го коментира процесот, но рече дека било исполнето ветувањето за повторно правично и транспарентно судење.

„Ние во овој процес никогаш не сме интервенирале освен за барањето за повторување на судењето во целост и тоа го постигнавме. Сега е на судските власти, судот и обвинителството, како и на одбраната, да го истуркаат овој процес до крај“, рече Груби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2021 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега