Адвокатот на Незири: Настанот се случи без негово учество
Адвокатот Еленко Миланов кој го застапува Беким Незири изјави дека целиот овој настан и целата фама околу настанот е започнат со дезинформација а тоа е дека настанот се случил во контролната кула на М-НАВ.
„Во овој настан ниту има нешто што се случува во контролната структура, ниту во близина на таа контролна кула, ниту пак со лице кое што во тој момент требало да извршува свои обврски во контролната кула. Тоа е првото и основно што ја направи целата оваа фама и разногласие“, вели тој.
Миланов додаде дека Незири се јавил во рок од половина час на повикот на МВР, ги дал сите свои наводи кои имал потреба да ги даде и дека тој е тука.
„Незири и денеска се појави пред судот што јасно укажува дека ниту мисли да бега туку сака да го докаже она што реално се случило во кое што тој нема апсолутно никаков допринос затоа што и тој настан се случува зад неговиот грб, од други лица, без негово учество, ниту пак од лице кое што влегува со него во зградата на М-НАВ. Да направиме дистинкција помеѓу зградата и контролната кула на М-НАВ“, објаснува Миланов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа