Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Арбер Адеми на прес-конференција денеска рече дека претстои уште една седмица изборна кампања до идната недела кога ќе се случи „историски референдум на кој Албанците ќе одлучат за враќање на достоинството, за еднаквост, интеграција и понатамошен напредок“.

-Гласањето во оваа недела е повеќе од обичен референдум – тоа е плебисцит преку кој народот силно ќе го манифестира своето спротивставување на опасните политички платформи кои имаат за цел политичка асимилација на Албанците и ревизија на колективните права стекнати со многу жртвување во изминатите децении. Нашиот народ ќе им одговори на овие мрачни планови, покажувајќи дека нема да дозволи никој да ја избрише нашата политичка опција и нашата заложба за еднаквост и правична застапеност. Денот на референдумот –  19 октомври, е ден на враќањето на достоинството. Тоа е ден кога Албанците се обединуваат за силно политичко претставување, за да одлучуваат самите за својата иднина и за да го запрат секој обид што има цел контрола, маргинализација, слабеење и исклучување на нашиот народ од јавниот и политичкиот живот. Со еден единствен глас Албанците на 19 октомври ќе порачаат дека самите одлучуваат за своето политичко претставување. Овој референдум е израз на народната сила и демонстрација на нашата решителност да ги заштитиме нашите права и нашата иднина, рече Адеми.

Exit mobile version