Адеми: До трето одделение со физичко присуство – другите ученици ќе учат од дома

Министерот за здравство, Арбер Адеми за емисијата „10 минути“ на ТВ 21 изјави дека во училиштата каде има мал број на ученици, таму наставата може да се одвива со физичко присуство, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

„Овој предлог треба да добие зелено светло од Владата. Било каква одлука да се донесе, потребно е да се направат законски измени, затоа потребно е и да имаме функционално собрание. Што се однесува до градинките, од Комисијата за заразни болести велат дека ќе се дискутира следната недела“, смета Адеми.

Според него, се истакнува наставата да се одвива од дистанца, онлајн, со два исклучоци.

„Првиот исклучок е од прво до трето одделение ќе биде потребно физичкото присуство во наставниот процес. Вториот исклучок, важно е да се истакне, во тие училишта каде има мал број на ученици и каде можат да се почитуваат протоколите за физичка дистанца и може да се организира наставниот процес, со што да не се загрозува здравјето, таму ќе се организира наставниот процес со физичка дистанца“, вели Адеми.

Комисијата за заразни болести на денешната средба со претставниците на Министерството за образование предложи учениците од прво заклучно со трето одделение да ја започнат новата учебна година со физичко присуство, а останатиот дел од основното и средно образование да ја следат наставата од далечина или онлајн.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега