А1он: Седум лица повредени во пукањето вечерва во Скопје

Според најновите информации до кои дојде А1он, при ликвидацијата на познатиот нарко бос, со повреди се здобиле уште седум лица кои се нашле на местото.

Дел од нив се со потешки повреди, дел со полесни и се веднаш пренесени на ургентната клиника. Засега нема потврдени информации дали сите повредени се со прострелни рани или се работи за друг вид на повреди. Нема ниту информација дали се работи за случајни минувачи и гости во кафулето или пак биле дел од пресметката, пренесува порталот.

Официјално се огласија и од Министерството за внатрешни работи, кои во соопштение испратено до медиумите откриваат како се случила вечерашната престрелка во скопско Кале.

Имено, повеќе лица пукале кон лицата со иницијали Ј.К., Е.И., и А.Т. Првите двајца починале на лице место, а третиот (А.Т.) итно е пренесен во болница за укажување на лекарска помош. 

„На 06.03.2023 во 20.11 час. во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, изјавија од МВР за Прес24.

06.03.2023 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега