Close Menu
    Најново

    Трагедија во Амазон: Двегодишно девојче загина во напад од пирани

    24.12.2025 во 21:23

    Почна да трупа снег во една од земјите од регионот – еве кога се очекува и во Македонија

    24.12.2025 во 21:08

    Кире Михаилов во болница: Преголемото оптеретување си го прави своето

    24.12.2025 во 20:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Трагедија во Амазон: Двегодишно девојче загина во напад од пирани
    • Почна да трупа снег во една од земјите од регионот – еве кога се очекува и во Македонија
    • Кире Михаилов во болница: Преголемото оптеретување си го прави своето
    • Тошковски: Камерите на Сејф Сити ќе имаат исти отстапки кои се применуваат кај полициските редари
    • Анкета: Русите очекуваат крај на војната во Украина во 2026 година
    • Германија воведува нова задолжителна воена служба
    • Јапонија ја рестартира најголемата нуклеарна централа во светот
    • Поларен студ ја зафаќа Македонија: Силен северен ветер и температури до -10 степени
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Пријавувањето за гласање на болни и немоќни завршува на 10 октомври

    Пријавувањето за гласање на болни и немоќни завршува на 10 октомври

    07.10.2025 во 10:57
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Уште три дена остануваат за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место , немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање – 10 октомври на полноќ. 

    За да се овозможи лицето да гласа во домашни услови, до Општинската изборна комисија треба да биде доставена соодветна медицинска документација. 

    На 14 октомври, пак, истекува рокот за пријавуање на лицата кои сакаат да гласаат на изборите а кои издржуваат мерка куќен притвор. 

    Немоќните или болни лица, лицата во куќен притвор, затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите односно на 18 октомври. 

    Избирачките одбори го спроведуваат гласањето во домовите на болните и немоќни лица и на лицата кои се во домашен притвор. 

    Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Македонија за локалните избори 2025 година изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, додека 112.000 избирачи се запишани во посебниот Избирачки список за лица на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. На овие избори не се спроведува гласање во дијаспората.

    Популарно

    Подгответе се за снег и студ: УХМР со најнова прогноза

    23.12.2025 во 17:58

    Грета Тунберг уапсена во Лондон

    23.12.2025 во 17:39

    По дождот и снегот следува голем пресврт на времето: УХМР со најнова прогноза

    24.12.2025 во 11:59

    Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, децата ми трпеа за нешто за што не се виновни

    24.12.2025 во 11:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.