Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бркотница како на филм во Скопје: Осуденици на отпуст бегале од полицијата, со „ренџ ровер“ удриле во полициското возило – имало и пукање

    Бркотница како на филм во Скопје: Осуденици на отпуст бегале од полицијата, со „ренџ ровер“ удриле во полициското возило – имало и пукање

    07.10.2025 во 09:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје. Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода. Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија. Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „мазда“ се обиделе да го престигнат возилото „ренџ ровер“, возачот на возилото „ренџ ровер“ во два наврати удрил во полициското возило.

    Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

    Прочитај повеќе

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23

    Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција

    06.10.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.