Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Сериите на БСЖ-вакцината се искористени до јуни годинава, без документирани несакани ефекти
    • Ѓорѓиевски: Во тек е конструкција на паркот „Жена Борец“
    • Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње
    • Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски од Битола
    • Избегал од затвор во Струмица па ја киднапирал бившата во Шуто Оризари
    • 17-годишна девојка физички и психички малтретирала од невенчниот супруг и неговите мајка и сестра
    • Семејна драма во Тетово: Со нож ѝ се заканувал на мајка си и уште една роднина
    • Тетовец тепал 11-годишно дете
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Се докажа дека Заев ја води СДС, додека Филипче е само статист во целата приказна

    ВМРО-ДПМНЕ: Се докажа дека Заев ја води СДС, додека Филипче е само статист во целата приказна

    07.10.2025 во 09:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Се докажа дека Заев ја води СДС, додека Филипче е само статист во целата приказна. Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Со јавувањето на Заев се гледа кој е вистинскиот лидер на СДС и кој ја има контролата врз партијата и кој ги влече конците во партијата.

    Филипче и СДС, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, кои тие веќе ги имаа прегазено и поминато изминативе години, на штета на македонскиот народ.

    Како што Заев земаше куферчиња од Бугарија, Филипче да одговори какви куферчиња зема тој сега за да им удоволи на Бугарите, со што ќе си направи уште еден бонбона бизнис.

    А, тоа што Заев вели дека не зел куферче пари од Бугарија не значи дека таа изјава е вистинита. Самиот негов обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвора прашања за вистинитоста на неговите тврдења.

    Неговата акција за потпишување на бугарскиот договор, не е резултат на политичка волја, туку на финансиски интерес.

    За сопствени интереси, како што Заев ја продаде државата, така и Филипче е спремен да ги продаде македонските интереси и идентитет за едно полно куферче.

    Затоа, Филипче молчи за Заев, за неговите криминали, бидејќи и тој е поврзан со истите.

    ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, нема да дозволи уште еден бонбона бизнис, со цел богатење на Заев и Филипче, а распродажба на македонскиот народ.

    Затоа, вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Каранфилова – Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

    07.10.2026 во 12:58

    Од каде му се 335.000 евра на Груби за да плати за пасошот?

    07.10.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.