Close Menu
Press24
    Најново

    Кривична пријава за затвореник во Идризово: Му нашле дрога и таблети при претрес

    04.05.2026 во 17:00

    СДСМ: Мицкоски веќе најавува заострување на односите со Бугарија

    04.05.2026 во 16:47

    Среќен крај на потрагата: Исчезнатото 15-годишно девојче од Тетово пронајдено во Скопје

    04.05.2026 во 16:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кривична пријава за затвореник во Идризово: Му нашле дрога и таблети при претрес
    • СДСМ: Мицкоски веќе најавува заострување на односите со Бугарија
    • Среќен крај на потрагата: Исчезнатото 15-годишно девојче од Тетово пронајдено во Скопје
    • Тошковски – Варнс: Потврдена определбата за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД
    • Муцунски: Се бара решение за метежот на границите, земјите од ЕУ подготвени за флексибилност
    • Потресно сведочење за пожарот во „Пулс“: Температурата достигнала до 700 степени, како во крематориум
    • МОН воведува дежурства за наставниците: Поголем надзор во училиштата по насилството во Ѓорче Петров
    • Лоши вести за возачите: Нафтата и бензинот драстично поскапуваат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

    Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

    06.10.2025 во 21:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ Венко Филипче од вечерашнава граѓанска трибина во Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за загари и орли додека младите се селат. Филипче испрати порака дека жално е што зад црната кампања не се крие само неспособна власт, туку власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тој исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквото владеење е непријател на државата.

    „Тоа е власт која се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија која ја контролира со корупција и од хаос во кој се создава апатија. Ова е целта. Но јас во нивната кал нема да влегувам, туку ќе продолжам да ги разобличувам. Нека се препелкаат во национализмот, во лажниот патриотизам и во својата неспособност самите тие. Ги слушам, едните биле загари и орли, другите за врапчиња и што уште не. Театар за деца“, рече Филипче.

    Филипче на трибината исто така рече дека подмолните обиди на ВМРО-ДПМНЕ за поделба на граѓаните, секојдневните етикетирања на опозицијата како „предавници“, режимските практики се доблестите кои и оваа влада ги носи се едни од најлошите времиња на груевизмот.

    „Не е времето кратко да се види дека имаме власт отуѓена од народот, власт која партизира, узурпира и одбива да го слушне крикот на граѓаните за подобар живот и за напредок. Сведоци сме на одвратна лажна и црна кампања против СДСМ која ја водат од првиот ден власт. Оваа мизерна и ниска кампања на ВМРО-ДПМНЕ е одраз на нивната немоќ и неспобност. Но суштина е уште поболна, а тоа е дека  зад кампања се кријат нивните лоши намери за иднината на оваа земја“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски веќе најавува заострување на односите со Бугарија

    04.05.2026 во 16:47

    Министерката Димитриеска-Кочоска во Брисел на дијалог за економски политики со ЕУ

    04.05.2026 во 14:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.