Close Menu
    Најново

    Жолто предупредување: Можно излевање на реки – бидете внимателни

    04.12.2025 во 17:38

    Трагичен крај по долгата потрага: Семјеството потврди – Миле Тодоров е пронајден починат

    04.12.2025 во 17:32

    Најлошите свекрви се раѓаат во четири знаци

    04.12.2025 во 17:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Жолто предупредување: Можно излевање на реки – бидете внимателни
    • Трагичен крај по долгата потрага: Семјеството потврди – Миле Тодоров е пронајден починат
    • Најлошите свекрви се раѓаат во четири знаци
    • Каменицки: Словачка може да и позавиди на Македонија
    • Европол разби мрежа за крипто-измами: Исперени над 700 милиони евра, девет лица уапсени во две фази
    • СДСМ: Новите бомби ја стресоа Власта на Мицкоски
    • Се зголемува бројката на заболени од грип – за една недела регистрирани се 114 случаи
    • Жолто предупредување за поплави: УХМР најавува висок водостој во Струмица, Гевгелија, Валандово и Охридско-Преспанскиот регион
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Проданоски најави изградба на две обиколници во Прилеп

    Проданоски најави изградба на две обиколници во Прилеп

    06.10.2025 во 21:38
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник за општина Прилеп од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, вечерва гостуваше во предизборната дебата во емисија Топ Тема на Телевизија Телма. Проданоски прво посочи на трите приоритетни области во коишто треба општина Прилеп сериозно да се ангажира и работи, а тоа се инфраструктурата, безбедноста и културата, а потоа се осврна и ги посочи решенијата понудени во неговата програма кои се однесуваат на сообраќајните проблеми во општина Прилеп.

    „Нудиме изградба на 2 обиколници во градот, обиколница Исток и обиколница Запад коишто би го извлекле целиот товарен сообраќај од централното градско подрачје  со што директно се влијае и на брзината на движење, но и понатаму се влијае и на екологијата односно загадувањето во воздухот и бучавоста во градот. Изградба на ул. Александар Македонски којашто е еден влез кон целиот стопански двор на град Прилеп, изградба на ул. Орде Чопела којашто исто така значи едно сериозно поместување по однос на брзината на движење на сообраќајот и со тоа сметаме дека ќе се надмине сообраќајниот проблем којшто го имаме во градот“, вели Проданоски.

    По упатеното прашање по повод инкасирање на повеќе средства во локалниот буџет на општина Прилеп, Проданоски ги изнесе своите ставови и кажа дека истото би се постигнало преку:

    „Реконструкција на буџет, развоен буџет, донесување на стратешки план за развој на општина Прилеп, помош на младите, бизнис и помош во занаетчиството, ослободување на слободното градежно неизградено земјиште и емисија негова за продажба, за изградба на нови индустриски капацитети. Имаме технолошко индустриска развојна зона во којашто очекувам во следниот период да се направи и нов капацитет и еден посериозен развој на градот затоа што средствата по економска активност ги имаме“.

    Во делот на даноците на имот, Проданоски ја стипулираше неопходноста од воведување на дигитални алатки во работењето на општина Прилеп во насока на побрза достава на решенија за даноци на имот како граѓаните би заштедиле на време и чекање на шалтер.

    „Дигитална алатка во соработка со Министерството за дигитална трансформација  ќе понудиме дигитални алатки коишто ќе значат побрзо доставување на решенијата коишто ги задолжуваат граѓаните за одредени давачки коишто ги имаат кон општината и понатаму надградбата на тој систем за плаќања на сите комунални давачки вклучително и данокот на имот при трансфер на имотите од еден на друг сопственик и сметам дека тоа е единствениот начин за заштеда на време и за побрза трансформација на сите средства коишто ги имаа, затоа што немаат граѓаните повеќе време за губење, за чекање по шалтери и за чекање решенија на домашна адреса“, рече Проданоски.

    На крај Проданоски ја побара поддршката на неговите сограѓани посочувајќи дека неговата визија е истовремено едноставна и амбициозна, во насока на изградба на Прилеп во еден модерен, успешен и силен град.

    „Мојата визија е едноставна, но е поприлично амбициозна , затоа барам поддршка од сите за Прилеп заеднички да го направиме еден модерен, успешен и силен град како што сите очекуваме од него“, заклучи Проданоски.

    Популарно

    Екс-градоначалникот на Струмица, Костадинов заработи кривична – направил злоупотреба при набавка на електрични автобуси вредни 430 милиони денари

    04.12.2025 во 12:37

    Јаневска: Учениците подолго време ќе остануваат во училиште

    04.12.2025 во 15:48

    Груевски: „Ко о чему, Заев и Филипче о поштењу“ – Заев тргува со руско железо, а со Филипче се обиделе да протуркаат фирма за увоз на ковид-вакцини

    04.12.2025 во 11:36

    СДСМ: Новите бомби ја стресоа Власта на Мицкоски

    04.12.2025 во 16:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.