Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Македонија веќе се буди, луѓето почнуваат да разбираат дека ова не е влада на народот

    Филипче: Македонија веќе се буди, луѓето почнуваат да разбираат дека ова не е влада на народот

    06.10.2025 во 20:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“ во општина Карпош, порача дека ароганцијата на власта не може да трае бесконечно, бидејќи народот не заборава, граѓаните не се наивни и веќе ја препознаваат вистината.

    „Македонија веќе се буди. Луѓето почнуваат да разбираат дека ова не е влада на народот, туку влада над народот”, рече д-р Филипче.

    Тој нагласи дека граѓаните ги препознаваат лагите и манипулациите на ВМРО-ДОМНЕ и кај нив се буди чувство за промени. 

    „И секојдневно расте чувството дека е време нешто да се промени, не само на избори, туку во начинот на размислување, во начинот на политичко дејствување”, истакна д-р Филипче.

    Филипче потенцираше дека денес имаме власт која не ја води државата, туку ја режира.

    „Сè е претворено во настап, во шоу, во перформанс без никаква содржина и суштина. Нека каже Мицкоски еден реален проект или политика со која направи нешто добро за луѓето. Нека каже само еден – нема таков”, нагласи д-р Филипче, додавајќи дека освен што се сликаат со проектите од СДСМ, завршени патишта 90%, ништо друго не направија.

    Лидерот на СДСМ, д-р Филипче,  на граѓанската трибина рече  дека СДСМ секогаш ја третирале државата како заеднички дом, а не како  ВМРО-ДПМНЕ што ја третираат, „како Белата палата, своја зграда изградена од криминал”.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.