Close Menu
Press24
    Најново

    Три случаи во Скопје: Истакнувани знамиња на „Голема Албанија“, МВР најави поднесоци

    29.11.2026 во 14:18

    По ноќешниот голем украински напад врз Русија, Москва тврди дека соборила повеќе од 1.000 дронови

    29.11.2026 во 14:07

    Јанчев: Механизацијата го расчистува патот кон Бошавијата и горните села

    29.11.2026 во 13:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Три случаи во Скопје: Истакнувани знамиња на „Голема Албанија“, МВР најави поднесоци
    • По ноќешниот голем украински напад врз Русија, Москва тврди дека соборила повеќе од 1.000 дронови
    • Јанчев: Механизацијата го расчистува патот кон Бошавијата и горните села
    • Шамбевски: Владата со системски мерки за младите во образованието, вработувањето и станбеното осамостојување
    • Забрани за камиони на Стража, Буково, Маврово – Дебар и кон Деве Баир, магла ја намалува видливоста
    • Четворица возачи уапсени во Тетово: Возеле пијани, без дозвола и покрај активна забрана
    • Антонијо Милошоски на „Ѕидот на срамот“ на МЗД: Евроинтеграција само декларативно
    • Грција под метеоролошка тревога: Обилни дождови, грмежи и опасни ветрови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Три случаи во Скопје: Истакнувани знамиња на „Голема Албанија“, МВР најави поднесоци

    Три случаи во Скопје: Истакнувани знамиња на „Голема Албанија“, МВР најави поднесоци

    29.11.2026 во 14:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 28 ноември 2026 година, полициски службеници евидентирале три случаи во Скопје во кои биле забележани истакнати знамиња на Голема Албанија со натпис „Autochtonous“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

    Првиот случај бил регистриран во 15:10 часот на улицата „Ѓорче Петров“, каде полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Џ.Т. од Скопје. На возилото биле истакнати две знамиња со споменатиот натпис.

    Половина час подоцна, во 15:30 часот, на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, полициските службеници забележале 21-годишен Ј.А. од селото Драчевица, скопско, кој во раката носел знаме со истите обележја.

    Третиот случај бил регистриран во 21:45 часот, на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Кузман Шапкарев“. Таму било сопрено возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Р.И. од селото Сарај, скопско, на кое исто така било истакнато знаме со натпис „Autochtonous“.

    Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

    Прочитај повеќе

    Четворица возачи уапсени во Тетово: Возеле пијани, без дозвола и покрај активна забрана

    29.11.2026 во 12:07

    ВИДЕО: Превртена кола на патот Стража – Гостивар, интервенира и противпожарна екипа

    28.11.2026 во 20:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.