Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, информира дека зимската служба на Општината е целосно ангажирана и работи со полн капацитет за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во зимски услови.
Во моментов, општинската механизација е на терен и работи на расчистување на патниот правец кон Бошавијата и горните села, каде се преземаат активности за отстранување на снегот и одржување на проодноста на патиштата.
Како што посочува Јанчев, екипите и механизацијата ќе продолжат со активностите согласно временските услови и потребите на терен.
Воедно, упатен е апел до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја прилагодат брзината и да ги почитуваат условите на патиштата.

