Close Menu
Press24
    Најново

    Од 650 идеи до 60 финалисти: Средношколците се борат за награда од милион денари

    28.11.2026 во 13:57

    Николоски: Се отвораат околу 1200 нови добро платени работни места 

    28.11.2026 во 13:52

    Скопје: Се скарале па се степале во автобус

    28.11.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од 650 идеи до 60 финалисти: Средношколците се борат за награда од милион денари
    • Николоски: Се отвораат околу 1200 нови добро платени работни места 
    • Скопје: Се скарале па се степале во автобус
    • Украдени топлотна пумпа и шест фенкојлери од објект во изградба во Ѓорче Петров
    • Апсење на скопскиот аеродром
    • Ужас ја потресе Македонија: Жена се бори за живот по напад од сопругот
    • Отстрането државното знаме на „Илинденска“ во Гостивар, полицијата истражува
    • Поранешен кинески регионален лидер осуден на смрт поради мито од 88 милиони долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од 650 идеи до 60 финалисти: Средношколците се борат за награда од милион денари

    Од 650 идеи до 60 финалисти: Средношколците се борат за награда од милион денари

    28.11.2026 во 13:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска ги посети средношколците кои учествуваат на натпреварот на идеи за идни бизниси во организација на „Бреинстер Некст“, каде ученици од јавни и приватни средни училишта презентираат решенија за општествени предизвици од областа на технологијата, екологијата и образованието.

    Во конкуренција од вкупно 650 пријавени проекти, во потесниот круг се пласираа 60 идеи, а на победничкиот поединец или тим му следува награда од еден милион денари и поврзување со бизнис-заедницата. „Навистина е одлична идејата и организацијата на овој натпревар. Имав можност да запознаам многу млади и талентирани ученици кои размислуваат критички, иновативно и претприемачки. Особено радува тоа што покрај креативноста, покажуваат и натпреварувачки дух, самодоверба и подготвеност да ги презентираат своите идеи, но и да се борат за нивна реализација“, истакна Јаневска, додавајќи: „Ваучерот е значајна можност за започнување сопствена стартап компанија и развој на сопствен бренд, но и за интегрирање на бизнис идејата во веќе постоечка компанија или поврзување со потенцијални коинвеститори“.

    Посакувајќи им на учесниците успешен настап и пласман во утрешното финале, министерката се заблагодари на раководството на „Бреинстер Некст“ за поддршката на младите и оцени дека соработката меѓу образовните институции и приватниот сектор, започната и преку иницијативата за интегрирање на вештачката интелигенција во училиштата, е клучна за развој на националниот образовен систем.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Се отвораат околу 1200 нови добро платени работни места 

    28.11.2026 во 13:52

    Скопје: Се скарале па се степале во автобус

    28.11.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.