Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Се отвораат околу 1200 нови добро платени работни места 

    28.11.2026 во 13:52

    Скопје: Се скарале па се степале во автобус

    28.11.2026 во 13:45

    Украдени топлотна пумпа и шест фенкојлери од објект во изградба во Ѓорче Петров

    28.11.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Се отвораат околу 1200 нови добро платени работни места 
    • Скопје: Се скарале па се степале во автобус
    • Украдени топлотна пумпа и шест фенкојлери од објект во изградба во Ѓорче Петров
    • Апсење на скопскиот аеродром
    • Ужас ја потресе Македонија: Жена се бори за живот по напад од сопругот
    • Отстрането државното знаме на „Илинденска“ во Гостивар, полицијата истражува
    • Поранешен кинески регионален лидер осуден на смрт поради мито од 88 милиони долари
    • СДСМ бара итна седница во Собранието за насилството врз жените: „Доста е од институционален молк“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Се отвораат околу 1200 нови добро платени работни места 

    Николоски: Се отвораат околу 1200 нови добро платени работни места 

    28.11.2026 во 13:523 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат  нови околу 1200 нови добро платени работни места и тоа за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи и друг тип на работници, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на денешниот саем за вработување во Прилеп, во организација на Бехтаел-Енка. 

    Ова е огромна можност за млади луѓе кои завршуваат градежен или архитектонски факултет, за млади инженери, но исто така и за квалификувани и неквалификувани работници да најдат работа во рамки на овој проект, рече вицепремерот Николоски.

    “ Со забрзување на динамиката на изградба на автопатот Прилеп-Битола, се отвораат некаде околу 1.200 нови работни места, можност за вработување на околу 1.200 луѓе, што за целиот Пелагониски регион претставува огромна можност. Огромна можност за многу луѓе да најдат работно место, но исто така и да стекнат искуства и знаења коишто е ретка прилика да се стекнат, затоа што не се гради секој ден автопат. Ќе ги прочитам и точно професиите: за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежни работници”- изјави Николоски. 

    Саемот за вработување ќе трае неколку дена, а како што што потенцира Николоски, компанијата Бехтел и Енка котира како конкуретна градежна компанија во земјата и во знаење и во добро платени работни места.

    “Секако, ова е само почеток и е прв ден. Можноста ќе биде отворена, еве, повторувам уште еднаш, се отвораат 1.200 работни места. Она што исто така сакам да го кажам е дека двете компании, Бектел и Енка се на врвот кога ќе го видите просекот на исплатена месечна нето плата. Имено, просек за 2025 година е 137.000 денари, а тие немаат плата под 60.000 денари. Што значи, зборуваме за исклучително добро платени работни места и затоа би сакал да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите општини, на Могила, на Новаци, на Росоман, на Кривогаштани, на Крушево, на Демир Хисар, на Ресен, на Битола, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овдека, имајќи предвид дека во наредните три години ќе има доста интензивни активности “ – изјави Николоски.  

    Тој, заедно со претставниците од Бехтел и Енка, со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, заменик министерот за економија Марјан Ристески и пратеници, ги презентираа можностите, условите за вработување, како и динамиката за изградба на  автопатот Прилеп-Битола.  

    Прочитај повеќе

    Скопје: Се скарале па се степале во автобус

    28.11.2026 во 13:45

    Украдени топлотна пумпа и шест фенкојлери од објект во изградба во Ѓорче Петров

    28.11.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.