Од објект во изградба на приватна фирма во Ѓорче Петров биле украдени топлотна пумпа, шест фенкојлери и други предмети.
Кражбата била пријавена вчера во СВР Скопје. Според пријавеното, предметите биле одземени со физичка сила и погоден алат во периодот од 19:00 часот на 26 ноември до 09:00 часот на 27 ноември.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

