47-годишен полски државјанин бил приведен на Меѓународниот аеродром Скопје поради агресивно и недолично однесување, а при преглед кај него бил пронајден нож.
На 28 ноември во 02:30 часот, полициски службеници го привеле Ј.Ф.(47), кој го нарушил јавниот ред и мир.
Подоцна, при извршен преглед, ножот бил пронајден и одземен. Полскиот државјанин бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Петровец за понатамошна постапка.

