Меѓународни и регионални технолошки лидери и експерти за вештачка интелигенција денеска ќе се соберат во Скопје на конференцијата „Tech Conference 2026: Shaping the Era of Agentic AI“.
Во фокусот на конференцијата ќе бидат најновите трендови и практичната примена на вештачката интелигенција во бизнис-секторот, со посебен акцент на преминот од AI асистенти кон автономни AI агенти и нивното влијание врз иднината на компаниите.
Програмата опфаќа главни предавања, демонстрации во живо, панел-дискусии и презентации на конкретни бизнис-примери, преку кои учесниците ќе имаат можност да се запознаат со потенцијалот, можностите и предизвиците што ги носи примената на новите технологии.
Меѓу најавените говорници се експерти и претставници на компании како „Microsoft“, „NVIDIA“, „G+D Netcetera“, „Raiffeisen Tech Kosovo“ и други реномирани имиња од технолошката индустрија.
Настанот го организираат CTO Professionals Club Macedonia и „Семос Едукација“.

