Close Menu
Press24
    Најново

    Скопје домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – Жените во фокусот

    25.11.2026 во 08:24

    Поддршка за лицата со попреченост и ранливите категории, експерти на заедничка конференција

    25.11.2026 во 08:22

    Исклучување во 9 часот – Ќе снема вода во дел од Скопје

    25.11.2026 во 08:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопје домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – Жените во фокусот
    • Поддршка за лицата со попреченост и ранливите категории, експерти на заедничка конференција
    • Исклучување во 9 часот – Ќе снема вода во дел од Скопје
    • Од полноќ нови цени на бензинските пумпи
    • Нема струја од рано наутро – Исклучувања во делови од Скопје
    • Ново училишно здание во Бутел – Мицкоски ќе присуствува на отворањето
    • Алта банка повторно пред пратениците – СДСМ бара интерпелација за гувернерот Славески
    • Конференција на Комората на вештаци, обраќање на министерот Николоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – Жените во фокусот

    Скопје домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – Жените во фокусот

    25.11.2026 во 08:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје денеска ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија, насловен „Обновливи извори и жените во енергетиката“, на кој се очекува присуство на над 200 домашни и странски гости. На форумот ќе учествуваат повеќе од 15 говорници, панелисти и модератори.

    Настанот е во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а официјално ќе го отвори министерката Сања Божиновска.

    Во фокусот на дискусиите ќе бидат енергетската безбедност, обновливите извори на енергија, зеленото финансирање, регионалната соработка и улогата на жените во лидерските позиции во енергетскиот сектор.

    Форумот ќе собере високи владини претставници, претставници на меѓународни организации, финансиски институции, дипломатската заедница и приватниот сектор, со цел зајакнување на регионалната и меѓународната соработка во областа на енергетиката.

    Како што информираат организаторите, целта е да се отвори простор за политички дијалог, размена на искуства и идентификување можности за побрза примена на обновливите извори на енергија, мобилизирање зелени финансии и развој на регионални партнерства, особено во Западен Балкан.

    Посебен акцент ќе биде ставен на унапредувањето на женското лидерство и учеството на жените во креирањето енергетски политики, дипломатијата и енергетскиот сектор. Во таа насока е најавено и лансирање на Мрежата на жени во енергетската дипломатија.

    Покрај размената на идеи и искуства, форумот има за цел да ги преточи заедничките приоритети во конкретни можности за соработка, инвестиции и заеднички иницијативи, со придонес кон побезбедна, поотпорна и поодржлива енергетска иднина.

    Организацијата се реализира во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации во Северна Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (УНЕЦЕ).

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Поддршка за лицата со попреченост и ранливите категории, експерти на заедничка конференција

    25.11.2026 во 08:22

    Исклучување во 9 часот – Ќе снема вода во дел од Скопје

    25.11.2026 во 08:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.