Прекин во водоснабдувањето е најавен за денеска (среда, 25 ноември), со почеток од 09:00 часот, поради уличен дефект на водоводна мрежа со профил од Ф-80 милиметри на улицата „Партениј Зографски“ број 85.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода ќе останат дел од корисниците на улиците „Партениј Зографски“, „Ацо Караманов“ и „Периша Савелиќ“.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин до целосно отстранување на дефектот во Центар.

