Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска (среда, 25 ноември) делови од три скопски општини ќе останат без електрична енергија.
Во општина Илинден, поточно во населбата Марино, од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „1“ во населбата Јака. Прекинот е поради активности за пронаоѓање на нисконапонски кабел, изработка на спојка и монтажа на ново КРО како влез-излез.
Во општина Ѓорче Петров, прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен од 09:00 до 12:00 часот за дел од корисниците на улицата „Ванчо Мицков“.
Во општина Центар, пак, од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат жителите на улицата „Радњанска“ број 6.

