Close Menu
Press24
    Најново

    Алта банка повторно пред пратениците – СДСМ бара интерпелација за гувернерот Славески

    25.11.2026 во 08:11

    Конференција на Комората на вештаци, обраќање на министерот Николоски

    25.11.2026 во 08:10

    Дождот ќе премине во снег: УХМР најавува промена на времето

    25.11.2026 во 08:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алта банка повторно пред пратениците – СДСМ бара интерпелација за гувернерот Славески
    • Конференција на Комората на вештаци, обраќање на министерот Николоски
    • Дождот ќе премине во снег: УХМР најавува промена на времето
    • Високите трошоци за живот и протестите во Европа во фокусот на дебатата во Европскиот парламент
    • Се ближи крајот од годината: Ова е најсреќниот ден за секој хороскопски знак во декември
    • Петрушевски: Надзорната расправа ги демантираше обвинувањата на СДС за Алта банка, граѓаните и нивните депозити се заштитени
    • Ѓорѓиевски: Момин Поток – наследивме заглавен проект, а денес сме речиси пред крајот
    • Сиљановска Давкова ќе присуствува на надзорната расправа за Алта Банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алта банка повторно пред пратениците – СДСМ бара интерпелација за гувернерот Славески

    Алта банка повторно пред пратениците – СДСМ бара интерпелација за гувернерот Славески

    25.11.2026 во 08:113 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи надзорната расправа за околностите што доведоа до воведување администрација во Алта банка АД Битола, постапувањето на Народната банка и одговорноста на надлежните институции.

    Според информациите од собраниската прес-служба, расправата ќе продолжи со сослушување на исказите на останатите учесници, односно сведоци повикани од Комисијата. Предмет на расправата се причините за воведувањето администрација во банката, улогата на Народната банка во целата постапка и институционалната одговорност.

    Претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, вчера информираше дека на расправата се поканети и претставници на менаџерскиот тим, како и членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Алта банка. Таа посочи дека до моментот на прес-конференцијата ниту едно од поканетите лица немало потврдено присуство. Дополнително, според неа, дел од нив по вторпат се на службен пат токму во периодот кога треба да се одржи расправата.

    Во меѓувреме, пратениците на СДСМ и коалицијата поднесоа интерпелација за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, барајќи да се утврди политичка одговорност за неговото постапување во врска со влезот на Алта банка АД Белград во тогашната Стопанска банка АД Битола.

    Од СДСМ отворија прашања за проверките на инвеститорот, сопственичката структура и потеклото на капиталот, проценката на ризиците за депонентите, како и критериумите врз основа на кои била дадена согласност за именување на Давор Мацура во Надзорниот одбор на банката.

    Од друга страна, гувернерот Славески на надзорната расправа оцени дека финансиската состојба на Алта банка е стабилна, со капитализираност од речиси 26 проценти, висока ликвидност и учество на нефункционални кредити од 2,9 проценти. Според него, воведувањето администрација има за цел да ја зачува стабилноста на банката и да обезбеди нејзино привремено управување до пронаоѓање нов сопственик.

    Токму продажбата на доминантниот акционерски пакет е еден од клучните чекори за иднината на банката. Народната банка на 16 ноември ја објави постапката за продажба на 372.742 обични акции, односно 95,336 проценти од вкупниот број акции, во сопственост на Алта банка АД Белград – во стечај.

    Продажбата ќе се реализира преку Македонската берза, по моделот „сè или ништо“. Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Доколку пакетот не биде продаден, ќе следуваат нови аукции на 1, 2, 3, 4 и 7 декември, при што почетната цена ќе се намалува за 10 проценти во однос на претходната аукција.

    Во случајот се вклучи и Јавното обвинителство. Државниот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека обвинителството постапува секогаш кога ќе утврди постоење на елементи на кривично дело, но не можеше да потврди дали за Алта банка е отворена предистражна постапка, посочувајќи дека тие информации се тајни согласно законот.

    Случајот со Алта банка останува во фокусот на собраниската расправа, особено поради прашањата за надзорните механизми, одлуките на регулаторот и одговорноста на институциите, додека паралелно се одвива постапката за продажба на мнозинскиот акционерски пакет.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Конференција на Комората на вештаци, обраќање на министерот Николоски

    25.11.2026 во 08:10

    Дождот ќе премине во снег: УХМР најавува промена на времето

    25.11.2026 во 08:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.