40-годишник од Тетово е приведен во полициска станица поради физички напад и малтретирање на својата сопруга.
Како што соопшти МВР, подолг период физички ја малтретирал и ѝ се заканувал со огнено оружје.
-Вчера во 16:50 часот во СВР Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Г.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна жена, дека подолг период и физички ја малтретирал и ѝ упатил закани со огнено оружје. А.Г. е задржан во полициската станица и со потврда биле одземени ловечка пушка, пиштол со рамка и куршуми и дозвола за поседување оружје, се вели во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

