Close Menu
Press24
    Најново

    Се сопнал од кофа и паднал во необезбедено лифтовско окно – две лица и две фирми обвинети за смртта на Кристијан Љушев во Охрид

    20.11.2026 во 14:43

    28-годишник од Чаир го запалил автомобилот на мајка си, се заканувал дека ќе го запали и станот

    20.11.2026 во 14:41

    ГОБ „8-ми Септември“ за пожарот: Вработените забележале чад на тераса, материјалната штета е незначителна

    20.11.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се сопнал од кофа и паднал во необезбедено лифтовско окно – две лица и две фирми обвинети за смртта на Кристијан Љушев во Охрид
    • 28-годишник од Чаир го запалил автомобилот на мајка си, се заканувал дека ќе го запали и станот
    • ГОБ „8-ми Септември“ за пожарот: Вработените забележале чад на тераса, материјалната штета е незначителна
    • Државниот санитарен инспекторат доби нов директор
    • Полициска акција во Скопје: Приведени Македонци, Турчин и Американец
    • Отпушок од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени
    • Италија на нозе против Мелони: Масовен штрајк, блокиран јавниот превоз и протести низ земјата
    • Николоски: Ќе се реконструира регионалниот пат Струмица -Валандово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се сопнал од кофа и паднал во необезбедено лифтовско окно – две лица и две фирми обвинети за смртта на Кристијан Љушев во Охрид

    Се сопнал од кофа и паднал во необезбедено лифтовско окно – две лица и две фирми обвинети за смртта на Кристијан Љушев во Охрид

    20.11.2026 во 14:433 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинителен предлог против две физички и две правни лица за повеќе кривични дела поврзани со смртта на работник на градилиште во Охрид, оценувајќи дека непочитувањето на прописите за безбедност при работа придонело за трагичниот настан.

    Според Обвинителството, првообвинетиот, како одговорно лице во едно од правните лица и инвеститор на објектот, не ги презел законски пропишаните мерки за заштита на градилиштето, со што предизвикал опасност по животот на луѓето.

    Во обвинението се наведува дека зградата била во изградба, а лифтовското окно не било обезбедено со заштитна ограда. Дополнително, градилиштето не било одржувано во уредна состојба, во објектот имало шут и отпадоци, влезот не бил обезбеден од неовластен пристап, а на скалите немало заштитни огради.

    – На 12 јануари, во утринските часови, во зградата влегле четворица работници ангажирани од второто обвинето правно лице, кои заедно носеле дел од мебел. Кога пристигнале на четвртиот кат во зградата во градба, еден од работниците со ногата се сопнал од кофа оставена во ходникот, изгубил рамнотежа и паднал во окното – отворот во зградата за лифт се до подрумските простории. Од падот се здобил со многу тешки телесни повреди и починал на лице место – наведуваат од ЈОРСМ.

    Со обвинението се опфатени и правното лице што ги ангажирало работниците и неговиот управител, бидејќи, според Обвинителството, не постапувале согласно Законот за работни односи и прописите за безбедност и здравје при работа.

    – Сега починатиот работник Кристијан Љушев го ангажирале без договор за вработување, во целосно непријавен работен однос. Дозволиле оштетениот да извршува работни задачи како помошник монтер без да помине основна обука за безбедност и здравје при работа, без здравствен преглед и на работникот не му дале упатства за работа во специфични услови за работа и при сериозен и зголемен ризик по безбедноста и здравјето на работниците – дополнуваат оттаму.

    Воедно, наведуваат дека без увид и проценка на работната средина работниците работеле врз основа на усмен работен налог од управителот во работен простор – зграда во изградба, каде постоела зголемена опасности ризик по нивната безбедност.

    – Со ваквото непридржување на прописите за мерките за заштита обвинетиот го изложил и предизвикал опасност по животот на работникот – посочуваат од Обвинителството.

    За да се спречат евентуални статусни промени или отуѓување на имотот на двете обвинети фирми додека трае постапката, обвинителот до Основниот суд во Охрид доставил и предлог за определување мерка за обезбедување, односно забрана за статусни промени на правните лица.

    Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2, предизвикување општа опасност по член 288 став 5, повреда на правата од работен однос по член 166 и непреземање мерки за заштита при работа по член 170 од Кривичниот законик

    Прочитај повеќе

    28-годишник од Чаир го запалил автомобилот на мајка си, се заканувал дека ќе го запали и станот

    20.11.2026 во 14:41

    ГОБ „8-ми Септември“ за пожарот: Вработените забележале чад на тераса, материјалната штета е незначителна

    20.11.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.