Вчера во 16:50 часот во месноста „Копрница“, атар на селото Мешеишта, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Н.Т.(38) и едно 16 годишно момче, двајцата од селото Мешеишта.
„При извршени контроли, полициските службеници ги затекнаа двете лица како со моторна пила вршат бесправна сеча на дрва и ги товарат во патнички возила ,,опел фронтера“ и „сангјонг“, двете без регистарски таблички.
Бесправно исеченото огревно дрво и двете возила се одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.
- Фатени на дело при бесправна сеча во Мешеишта: Одземени дрва и две возила без таблички
- МВР за голема антитерористичка акција во Македонија: Уапсени петмина
- Избувна пожар во угостителски објект на кејот во Охрид
- Му се заканувал на сопругата со огнено оружје среде бракоразводна постапка, приведен 56-годишник од кичевско
- Ја нападнал сопругата и малолетниот син и им се заканувал со остар предмет – приведен 43-годишник во Скопје
- Семејно насилство во Крива Паланка: Татко ја нападнал и ѝ се заканувал на ќерката
- Без возачка, пијани и со активна забрана: Седум возачи приведени низ Македонија
- Самир Мане: Претприемачката стратегија и брзината зад експанзијата на BALFIN

